По европскиот предизвик против Целје, ракометарите на ГРК Охрид се насочуваат кон нов натпревар во плеј-офот, овојпат против тимот на Бутел. Густиот распоред не остава многу простор за одмор, но во таборот на Охрид владее јасна цел – продолжување на победничката серија. Добрата анализа на противникот и стабилната форма се адутите со кои ќе влезат во овој дуел. Од таборот на Охрид, Дејан Кукуловски го најави мечот и потенцира дека и покрај ...

Ракометарите на Охрид во рамки на 6-то коло од Плеј-офот утре ја пречекуваат екипата на Бутел. По натпреварот со Целје, ни следува натпреварот со екипата на Бутел. Немаме многу време за подготовка поради густиот распоред, но, веќе доволно добро ја познаваме екипата на Бутел и со една дисциплинирана игра како во напад така и во одбрана верувам дека ќе успееме да забележиме уште една победа и да продолжиме кон остварување на нашите цели, ...