Илјадници луѓе, меѓу кои и полскиот претседател и премиерот, во тишина прошетаа низ Краков. Маршот се одржа по масовното пукање на главниот плоштад, во кое загинаа шест лица, додека целата нација се соочува со последиците од нападот, пренесува „Ројтерс“. Иако односите меѓу премиерот Доналд Туск и претседателот Карол Навроцки се затегнати, двајцата покажаа желба за национално единство учествувајќи во маршот по настанот што ја потресе Полска. ...
Полскиот претседател Карол Навроцки и премиерот Доналд Туск вечерва тивко прошетаа низ центарот на Краков заедно со граѓаните во Маршот на тишината за жртвите од масакрот во саботата, кога млад Полјак со автоматска карабина пукаше во минувачи и туристи на главниот плоштад, убивајќи шест луѓе и повредувајќи 16, откако претходно ги убил своите родители и помладата сестра додека спиеле, објавија полските медиуми. „Дојдете во 20 часот на аголот ...

