Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток продолжува со нов бран напади во повеќе земји. Во Техеран се оштетени илјадници објекти, Израел изврши воздушни напади во Либан, а Саудиска Арабија пресретна нови дронови во источниот дел од земјата. Настаните доаѓаат во услови на зголемени регионални тензии и проширување на конфликтот надвор од една држава. Гувернерот на Техеран, Мохамад Садег Мотамадијан, соопшти дека во американско-израелските ...

Иранската државна телевизија емитуваше закана дека Исламската Република ќе нападне нафтена и гасна инфраструктура во Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Заканата наликуваше на другите предупредувања за напад што Иран ги издаде за време на војната, копирајќи го стилот што го користеше израелската војска. Иран конкретно се закани на рафинеријата Самреф на Саудиска Арабија и нејзиниот петрохемиски комплекс Џубаил. Исто така, ...

Иран ја потврди веста за убиството на шефот на државната безбедност, Али Лариџани и тргна во одмазда. Следуваа серија напади кон Израел и земјите од Блискиот исток. Во Тел Авив повредени се околу 200 лица, а со дронови нападната е американска амбасада во Ирак. Според Иранскиот шеф на дипломатијата Абас Арагчи убиството нема да ја дестабилзира земјата. „Политичкиот систем на Иран не се потпира на поединци и структурата на Исламската Република ...

Во услови на растечка неизвесност и безбедносни закани на Блискиот исток – Македонија ја заврши евакуацијата на своите државјани. По неколку денови интензивни операции, над 600 лица се вратени дома, а со вчерашниот лет се заокружи оваа комплексна мисија. Со авионот на Флај Дубаи на скопскиот аеродром безбедно слетаа 147 патници, најголемиот дел од нив 119 беа македонски државјани – останатите странци. Сите задоволни што се дома и далеку од ...