По повод Денот на човековите права, ЕУ останува цврсто посветена на заштитата на човековите права дома и во светот, како и на обезбедувањето мир, вистина, правда и отчетност, изјави денес високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Таа потсети на непоколебливата поддршка на ЕУ за Обединетите нации, Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права и сите нејзини партнери ширум светот во повикувањето до сите држави да ги почитуваат и исполнуваат ...
Денот на човековите права е потсетување дека демократијата не опстојува сама од себе, туку преку активното учество и будност на граѓаните. Во време на војни, дезинформации и сериозни удари врз слободите, молкот станува простор во кој неправдата се шири. Украина и понатаму се бори за своето право на слобода и достоинствен живот, додека страдањата во Газа укажуваат на длабока криза на човечноста и одговорноста на меѓународната заедница. „Молкот ...

