Македонската фудбалска бајка за жал заврши во Копенхаген. Репрезентацијата на Данска славеше со убедливи 4:0 над нашиот национален тим во полуфиналето од мундијалскиот бараж, обезбедувајќи си пласман во финалето каде ќе се соочи со Чешка. Домаќините го скршија отпорот на македонската одбрана во второто полувреме, постигнувајќи три гола во период од десет минути (еден на Дамсгард, два на Исаксен), додека точка на натпреварот стави Норгорд. ...

Македонската фудбалска репрезентација во вторник (31 март, 20:45 часот) во Даблин ја очекува ревијалниот натпревар против Р. Ирска, дуелот на двете поразени екипи во битката за место на СП 2026. Ирците дури, по изведувањето на пеналите во Прага загубија од Чешка, иако во регуларниот дел имаа и водство од 0-2. Но, дозволија гол на Чесите во финишот за продолженија и пенали кои, на крај беа кобни за Ирците. Селекторот на Ирска, Исланѓанецот ...

Фудбалската репрезентација на Данска е на чекор до ново учество на Светско првенство откако синоќа со сигурна игра пред сè во вториот дел го совлада македонскиот национален тим со 4:0. Селекторот на Данска Брајан Ример, сепак ја смирува атмосферата во неговиот тим. – Во моментов, ништо не сме победиле. Одигравме еден натпревар и го постигнавме резултатот што ни беше потребен за да го „заработиме“ учеството во финалето на баражот. Сега е време ...