Скопската противпожарна бригада интервенира на пожар што денеска избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде што гори приватен имот на кој биле складирани стари автомобили, информираат од Град Скопје. Од таму велат дека противпожарната бригада веднаш излегла на терен и интервенира со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети. Паралелно, на местото на настанот се и инспектори на Град Скопје, а за случајот се известени ...

Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи . На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање. (ВИДЕО) Нов огромен пожар на отпад за стари автомобили во Визбегово – на истата адреса гореше и лани Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под ...

Под изгорените хаварисани возила во складот за отпад пожарот во текот на денот се разгоруваше. Дежурните екипи на скопската бригада интервенираа со десетина пожарникари и возила со цистерни во вода. Командирот на скопската противпожарна бригада Звонко Томоски вели дека попладнево пожарникарите се повлечени. Состојбата се следи од сопствениците од отпадот, дежурната екипа од бригадата ќе интервенира по потреба. Обвинителството започна истрага ...