Наполи го победи Милан во големото дерби и направи важен исчекор во клучен дел од сезоната, па во овој момент стана и тим кој е најблиску до првопласираниот Интер. Актуелниот шампион се разигра во последно време и го користи фактот што нема европски натпревари, а тоа се поклопи и со враќање на неколку клучни фудбалери во тимот како Ангиса, Де Брујне и Лоботка. Поголемиот избор му дава простор на Конте да ги ротира фудбалерите и да има посвежи ...

Победата на Наполи против Милан од 1-0 значеше дека на седум кола до крајот, лидерот Интер сега има убави седум бодови предност пред второпласираниот тим на табелата во Серија А. Тренерите на Наполи и Милан, Антонио Конте односно Масимилијано Алегри, истакнаа дека главна цел им е обезбедување на место во Лигата на шампионите. „Оваа победа ни дава голем ентузијазам и самодоверба бидејќи никогаш не смееме да заборавиме дека ако сме на второто ...