Политичката партија Левица денес во Собранието поднесе измени на четири закони со кои се предлага забрана за рекламирање на финансиски друштва кои даваат брзи кредити. Пратеникот Димитар Апасиев, претседател на Левица рече дека со овие измени ќе предложат да се забрани рекламирањето на финансиските друштва и во електронски и во печатени медиуми, како и на билборди, исто како што постои забрана за рекламирање алкохол и дрога. Тој појасни дека ...
На денешната прес-конференција, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, го најави почетокот на правната војна против лихварските практики на финансиските друштва, која пратеничката група на Левица ја започнува со поднесување на првиот пакет од четири законски измени за забрана на рекламирањето на брзите кредити, се вели во соопштението од ПП Левица. Апасиев посочи дека задолжувањето на граѓаните преку финансиските друштва ...

