После завршување на ЕХФ неделата посветена на бараж мечевите за пласман на Светското првенство, продолжуваат натпреварите во домашниот шампионат. Иако името на првакот е веќе решено, сепак на две кола до крајот не чека возбудлива завршница. Во среда се игра дерби и тоа во „Билјанини Извори“, каде ГРК Охрид е домаќин на Пелистер. Ова е битка за второто место на табелата кое води во Европската лига. Охриѓани имаат 50 бода, два повеќе од ...
Ракометниот клуб Охрид денеска го најави новото засилување за следната сезона, а тоа е јапонскиот репрезентативец Шуичи Јошида. Јапонскиот пикер доаѓа од редовите на Нант и треба да биде големо засилување за македонскиот суперлигаш, кој со договорените трансфери јасно навестува дека следната сезона ќе има уште поголеми амбиции во домашното првенство. ГРК Охрид со Јошида најави шести нов играч, а 25-годишниот азиски ракометар ќе го носи дресот ...

