На прес-конференција Министерот за правда, Игор Филков изјави дека ќе побара да се изврши вонреден надзор во затвор Скопје и во останатите затвори во Македонија. Според него недозволиво да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да биде аргумент за поблага мерка. Институционалната контрола мора да функционира. Никој не смее да биде изземен од одговорност. Утрово побарав и објаснување од директорот на затвор ...
Итното преместување од ефективен во куќен притвор на 14-месечниот бегалец од правдата Артан Груби, на барање на обвинителот Даниел Коцев и со согласност на судијата Марин Станевски од Кривичниот суд, министерот за правда Игор Филков го нарече скандал кој не смее да се премолчи. Обвинителството и денеска како и вчера кажа дека Груби добил поблага мерка веднаш штом се врати од бегство, поради проценки на Агенцијата за национална безбедност ...

