Охрид, 21. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Композицијата „Waves“ од композиторот Ангел Спироски е првата најава за деби албумот „ДоМа“ на Дуо Дениција, проект кој е насочен кон создавање нов, скоро непостоечки, репертоар за дуо класични гитари од македонски автори. Aлбумот „ДоМа“ обединува шест оригинални дела од современи македонски композитори: Дарија Андовска, Панде Шахов, Ана Пандевска, Вања Ѓумар Николовски, Филип Иванов и Ангел Спироски. ...
Композицијата „Waves“ („Бранови“) од композиторот Ангел Спироски е првата најава за деби албумот „ДоМа“ на гитарското Дуо Дениција составено од Анастасија Милеска и Александар Андријевски. Нивниот проект е насочен кон создавање нов, речиси непостоечки, репертоар за дуо класични гитари од македонски автори. Идејата е да создадеме репертоар за класично гитарско дуо од македонски современи композитори, вели младата огитаристка од Охрид, ...

