Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, полицијата во близина на наплатна рампа Миладиновци, од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на синоќешното убиство во Штип, како и А.Х.(22), Т.М.(22), ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“. Сите осомничени се турски државјани, од кои тројца имале пријавено ...
Со неколку куршуми му пресуди сред штипското кафуле – 25 годишен турски државјанин е убиен синоќа од страна на 21 годишник, исто така од Турција. На видеото од безбедносните камери во кафулето може да се види убиството-налик акционен филм, напаѓачот влегува во кафуето и со пиштол испукува неколку куршуми во сега веќе починатото лице и излегува од кафулето. Гостите во паника почнуваат да бегаат, а неколку доаѓаат да пружат и прва помош на 25 ...