Последното сино цунами во американскиот Конгрес, неспоредливата победа на демократите над индиспонираните републиканци во Претставничкиот дом и во Сенатот, ја возобнови дилемата за политички упокоената глобализација, владеење со планетата од еден светски центар. Глобализмот не беше мртов, тој само накратко отстапи од политичката сцена, лижејќи си ги раните по последната надмоќна победа на шефот на Белата куќа, Доналд Трамп. Во вакви измешани ...
Во бурата на руско-украинската војна, се случи Калињинград. Оваа чувствителна руска ексклава на Балтикот, за која некои фински гласноговорници или американски новинари тврдеа дека може НАТО без поголеми последици да ја заземе, донесе застрашувачки одговор од Кремљ. „Ќе го браниме Калињинград по секоја цена, нема да избираме средства“, одговорија од Москва. Без нараквици, Западот е предупреден за можна употреба на рускиот нуклеарен арсенал. ...
Македонија требаше да го добие патоказот за интеграција во европскиот блок при блиц-посетата на шефицата на Европската Ккомисија, Урсула фон дер Лајен, минатата недела. Конкретно, и овој пат и оваа Влада, како и претходните, остана со куси ракави, уште еднаш се повторија истите сценографија и наратив на Брисел, со преповторуваниот quid pro quo, услов без кој не се може. Пред десетина години, тоа беше македонското уставно име, за кое ЕУ ...
Тивкото распаѓање на најуспешниот мировен проект по Втората светска војна датира уште во почетокот на првата деценија од третиот милениум. Тогаш, две земји Бугарија и Романија беа примени во Унијата со политичка и избрзана одлука, со заобиколување на Копенхашките критериуми и на супериорниот мерит-систем. Целта на приемот била веројатно поинаква, стигнувајќи на бреговите на Црно Море, европските стратези сметале дека Украина како иден проект ...

