Паралелно со изборот на нов државен јавен обвинител, трае и изборот на нови обвинители во моќното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предводено од Ислам Абази. Во трката се двајца обвинители од поранешното СЈО, тројца од скопското обвинителство и пет актуелни обвинителки од ГОКК. Значи, за пет места пријавени се десет обвинители. Непознато е дали изборот ќе биде направен утре, бидејќи истиот ден треба да се избере ...
Советот на јавни обвинители ја одложи седницата закажана за во среда, кога требаше да се одржи изборот на нови пет обвинители кои ќе работат во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со ова, стави кочница во работата на ова Обвинителство, бидејќи пет обвинители од утре немаат мандат за да работат на предметите кои им се доделени. „Седницата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија закажана за ден ...

