Марија Новак е родена на 31 август 1969 година, во Охрид. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 година. Од 2007 година работи во Македонски народен театар – Скопје. Театрографија: Филмографија: Останати активности: Награди: Театрографија како режисер: Професионални ангажмани: Среќен роденден Марија, ти посакува ...

Кирил Трајковски – Максим е роден на 3 септември 1986 година во Скопје. Тој е македонски глумец, режисер и водител особено вклучен во пантомимата. Остварил улоги во повеќе македонски телевизиски сериски и играни филмови, меѓу кои: Болка на душата, Вистинска љубов, Македонски народни приказни и филмот „Максим“ каде тој покрај главната улога е и режисер, сценарист и продуцент. Играл и во документарниот филм „Еднаш на истокот“, реклами како и во ...

Жанета Вангели е родена во Битола на 2 септември 1963 година. Дипломирала на Државниот факултет за ликовни уметности – Штеделшуле во Франкфурт/Мајна во 1988 година. До 2008 година работи како независна уметница. Од 2008 година работи како професор на катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на Факултетот за ликовни уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Вангели е мултимедијална уметница која реализирала самостојни ...

Љубомир Цуцуловски е роден во Битола на 1 септември 1948 година. Тој е професор на Филозофскиот факултет – Скопје и е автор на повеќе книги и стручни публикации. Во периодот од 1999 до 2005 година бил раководител на Институтот за филозофија. Во периодот 1993-1994 бил член на управниот одбор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Во 2000 година бил избран е за Претседател на Универзитетскиот сенат на „Св. Кирил и Методиј“. Љубомир ...