Фудбалерите на српскиот шампион Црвена звезда славеа на гостувањето кај полскиот шампион Лех Познањ со 1-3 во првиот натпревар од двомечот во 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите и направија голем чекор кон плеј-оф фазата во ова натпреварување. Белграѓани поведоа со 0-1 со погодокот на Круниќ уште во 9. минута од мечот. На 1-1 домаќините израмнија преку Ишак во 34. минута. Круниќ со својот втор гол во 51. минуда донесе ново водство ...

Косовскиот шампион Дрита беше на прагот на сензационален резултат на гостувањето кај ФЦСБ, но Романците со магичен пресврт надополнија негатива од два гола и на крајот победија. Екипата од Букурешт двапати загуби од Шкендија, а сега беше на прагот од нов пораз, овојпат во Лигата на Европа, со оглед на фактот дека Дрита имаше убедливи 0-2. Сепак, во второто полувреме комплетен пресврт и победа на ФЦСБ од 3-2 со гол од пенал во 94-тата минута. ...