Македонскиот првак Шкендија по првиот дел игра без голови на гостувањето во Освестри, кај тимот на ТНС. Мечот изобилуваше со шанси на двете страни. Ако на почетокот ТНС имаше две опасни ситуации, кон средината на првиот дел Шкендија се закануваше и тоа главно преку Тамба и Вебстер. Вилсон во 4. минута со глава имаше добра шанса, но не успеа да погоди во рамките на голот. Следуваше прилика за Холден, но неговиот удар беше изблокиран во 10. ...
ТНС – Шкендија 0:0 е епилогот од првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Секако добар резултат ако се знае дека реваншот се игра во Скопје, секако добар резултат ако се знае дека пред седум години, токму на овој стадион од истиот противник Шкендија прими четири голови. Сепак треба да се каже дека Шкендија имаше шанси и за победа, беше подобар тим до 65-70.минута. Потоа како да падна, а ТНС имаше и три зицери, но ...