Осумнаесетгодишно момче од Скопје со прострелни повреди било донесено ноќеска во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен денеска во 1:04 часот. Повредениот бил донесен со возило од В.И. (28) од Скопје, кој изјавил пред полицијата дека нападот се случил на улицата „Методија Митевски“. Според него, лице кое се движело со велосипед неколкупати пукало кон ...

На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски” едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и ...