Слушај ја веста Повеќе од еден милион кубни метри огревно дрво потрошиле македонските домаќинства во текот на 2024 година. Иако последниве години сè повеќе семејства инвестираат во инвертер-клими, топлински пумпи и соларни колектори, дрвата остануваат убедливо најкористен енергент за греење. Ова го покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика, кои откриваат и како се менуваат навиките на граѓаните, но и колку енергија трошат ...
Ќумбето не заминува од македонските домови. И покрај климите, инвертерите, централното греење и сите нови начини за затоплување, огревното дрво и понатаму останува прв избор за голем дел од семејствата. Мирисот на чад, редење дрва во двор, цепеници под стреа, палење оган уште од рано утро. За многумина тоа не е навика, туку нужност. Според Анкетата за потрошувачка на енергија во домаќинствата, 38,2 проценти од домаќинствата се греат на ...

