Тотенхем веќе подолго време е познат како клуб чија управата носи чудни одлуки, па затоа и не се преголемо изненадување најавите дека „спарси“ би можеле да го отпуштат Игор Тудор – за помалку од еден месец откако го донесоа хрватскиот стратег. Тудор требаше да биде спасител откако му беше врачен отказ на Томас Франк, но не само што тимот продолжи со серијата порази, туку и игра се послабо на секој нареден натпревар. „Спарси“ имаат само четири ...

Илјадници навивачи го напуштија стадионот веќе на полувремето од синоќешниот натпревар меѓу Тотенхем и Кристал Палас. Лондонскиот клуб се повеќе се соочува со закана од испаѓање од Премиерлигата. Иако Тотенхем рано поведе, гостите постигнаа три гола за само 12 минути во првото полувреме. Пресвртот беше предизвикан од пенал и црвен картон за Мики ван де Вен, по што тимот на Игор Тудор претрпе уште еден тежок пораз. Па, така Тотенхем остана ...

Три порази од три меча е исходот на Игор Тудор на клупата на Тотенхем. И се чинеше дека му се заканува отказ, но сосема други информации доаѓаат од таборот на лондонскиот тим. Управата на Тотенхем нема намера да му врачи отказ на Хрватот, и планира да му даде уште шанси во обидот да го спаси тимот од најлошото. Тудор го замени Томас Франк на клупата, но не тргна најдобро неговата ера во Премиерлигата. Оваа одлука изненади многумина од ...