„Ниту една повеќе“: Росица немаше да биде убиена ако институциите постапуваа Пред Министерството за внатрешни работи денес се одржа протест на кој граѓани и активисти побараа институционална одговорност за фемицидите во Македонија. Повод за протестот беше убиството на Росица Коцева од Велес и нејзиниот татко, застрелани од нејзиниот поранешен партнер Илија, кој потоа си го одзел животот. „Се собираме скршени од тага и разбеснети од колективниот ...

Се случи уште еден фемицид, а сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат или релативизираат насилство врз жените се виновни – полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството, судовите, па дури и образовниот систем. Наместо да промовира родова еднаквост, солидарност и емпатија, образованието директно придонесува кон креирање на сексисти и насилници, истакна Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ пред ...