Во Словенија вчера силно невреме со пороен дожд, град, громови и силен ветер. Од Словенечката агенција за животна средина соопштија дека невремето, кое започнало на северот од земјата, се движело кон централниот дел и југоистокот. Невремето предизвикало материјални штети, при што силниот ветер откорнувал покриви и соборувал дрвја. Дополнителни оштетувања се регистрирани и од град со големина на орев. Словенечката управа за заштита и спасување ...

Силно невреме ја погоди Словенија, најмногу источниот дел од земјата и подрачјето околу Марибор. Поројни дождови, силен ветер и град предизвикаа штети на покриви, дрвја, објекти и делови од инфраструктурата. Словенечката агенција за животна средина, ARSO, претходно го подигна нивото на предупредување од жолто на портокалово поради опасност од посилни грмотевични процеси, налети на ветер, поројни дождови и град. Невремето прво го зафати ...