На платото пред Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во старата битолска чаршија, свечено беше отворена 44-та Светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. Во рамките на колонијата ќе учествуваат 150 гости – ученици, професори и родители од 18 делегации од 17 земји, меѓу кои се: Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, ...

Битола повторно е домаќин на млади талентирани уметници кои ќе ја сликаат битолската, охридската и архитектурата на Св. Јован Бигорски. По 44 пат Битола ќе биде инспирација за млади ликовни таленти кои не само што ќе ја нацртаат, туку и ќе ја запаметат како место кадешто го изразиле својот талент и за тоа биле вреднувани. Свеченото отворање на Малиот Битолски Монмартр традиционално е токму тоа – илјадници натпреварувачи испраќаат свои дела, ...

Во срцето на Старата битолска чаршија, на Платото пред Детското ликовно студио „Кирил и Методиј“ , завчера, свечено беше отворена 44 Светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. На отворањето, покрај другите гости, присуствуваа амбасадорите на Јапонија и Чешка, аташето за култура од Амбасадата на Турција, како и претставници од почесниот конзулат на Црна Гора и претставник на Генералниот конзулат на Бугарија. Присутните гости ги ...