МЗТ Скопје продолжи да доминира во мак-баскетот. Тимот од Аеродром ја оправда улогата на фаворит против Маџари, во финалната серија славеше со максимални 3-0 и го подигна 13. шампионски пехар. „Сино-белите“ од сезоната 2018/19 се на врвот, само во две финални серии имаат пораз, сите останати ги добија со максимални 3-0. МЗТ Скопје во домашниот шампионат буквално царуваше оваа сезона, го освои Купот на Македонија и Супер-Купот. Единствена ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш ја потврдија доминацијата во македонската кошарка, откако во третиот натпревар од финалната серија во „МТЕЛ“ Суперлигата го совладаа Маџари на гостински терен со 80-74. Со оваа победа, „металците“ ја затворија серијата со максимални 3-0 и стигнаа до 13-тиот шампионски пехар во клупската историја. МЗТ ја потврди шампионската класа Триумфот во финалето уште еднаш го потврди квалитетот, искуството и ...

