По повеќе од две децении во бегство, македонскиот државјанин Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, е уапсен од грчката полиција во градот Катерини, потврди Министерството за внатрешни работи. Боцевски беше предмет на една од најдолготрајните меѓународни потерници распишани од македонските власти. „Денеска (26.05.2025), од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода А.Б., кој беше баран со меѓународна потерница по ...

Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство. Циганот е осуден на 15 години затвор за убиство извршено во ноември 1997 година. Уапсен е во грчкиот град Катерини, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА. Против него беше распишана европска потерница, а по убиството се претпоставува дека со години се криел во Бугарија и Турција. Боцевски кој сега треба да има околу 60 години најверојатно не може да се препознае ...