Пред двомечот со Словачка првиот собир на своите очекувања ги сподели капитенот Филип Кузмановски. „Сакам да кажам дека голем дел од играчите се во добра форма, а најважно е дека сите сме здрави. Мора да сме максимално подготвени за двомечот со Словачка, не смее да се потцени ниту еден ривал. Секогаш се можни изненадувања, ама Македонија има јасна цел. Имаме кратко време за да се подготвиме, но сакаме да извојуваме две победи и да го докажеме ...

Македонската репрезентација ги стартуваше подготовките за баражот за СП 2027 и двете средби што нашите најдобри ракометари во следните денови ќе ги одиграат против Словачка (четврток првиот меч во Прешов, в недела е реваншот во Скопје). Филип Кузмановски како капитен и клучен играч ќе биде од огромна важност за „црвено-жолтите“ и на овие натпревари, на кои одличниот бек верува дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат и пласман на уште едно ...