Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека тимот најверојатно ќе ја започне новата сезона со серија натпревари на гостински терен. Причината за ова е доцнењето со реконструкцијата на стадионот „Камп ноу“. Првите прогнози беа дека Барса треба да се врати на својот дом на средината од оваа сезона, но градежните работи беа одложени и тоа не се случи. Сега е јасно дека нема да може да играат таму ни во август, кога ќе почне новата сезона. ...
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, ќе биде подложен на операција на рамото по завршувањето на Светското клупско првенство и ќе го пропушти почетокот на следната сезона. Сезоната во шпанското првенство завршува викендов, а потоа, од 14 јуни до 13 јули, Реал ќе игра на Светското клупско првенство во САД. Како што објави „Атлетик“, Белингам ќе биде во составот за тоа натпреварување, но потоа ќе биде опериран, според одлуката на ...