Хари Кејн предолго важеше за еден од најголемите малери од светската фудбалска елита, Англичанецот до 31-годишна возраст чекаше да стигне до првиот трофеј во кариерата, но откако тоа се случи во мај годинава, „клетвата е урната“ и англискиот голгетер вечерва стигна до уште еден пехар. Баерн Минхен се закити со трофејот во Супер-купот на Германија откако вечерва триумфираше над Штутгарт со 2-1. Избраниците на тренерот Компани одиграа одличен меч, ...

Хари Кејн дојде до својот втор трофеј во кариерата, откако со Баерн Минхен славеше во германскиот Супер куп со 2-1 против Штутгарт на гости. Се чини дека на овој меч е скршен малерот, бидејќи Англичанецот за првпат беше директен учесник во освојувањето на еден трофеј. Минатата сезона, на натпреварот на кој Баерн Минхен и теоретски ја освои Бундеслигата, Кејн не беше дел од составот. „Сакавме да ја започнеме сезоната со добар приспат и победа – ...