Во првото полувреме имаше само еден тим, ПСЖ уште од самиот почеток на мечот ја воспостави доминацијата и покажа кој е кој. Со гол на Невес во шестата минута ПСЖ поведе со 1-0, а истиот фудбалер во 39. минута зголеми на 2-0. Во 44. минута Авилес си постигна автогол, а во судиското продолжение од првиот дел Хакими погоди за конечни 4-0. Второто полувреме беше сосема поинакво, ПСЖ не сакаше да притисне за повеќе голови, ги штедеше силите и речиси ...

Интер Мајами очекувано загуби од ПСЖ во осминафиналето на Светското клупско првенство, но и пласманот помеѓу најдобрите 16 екипи е голем успех за екипата. Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, не штедеше комплименти за ПСЖ, за фудбалерите на „светците“, но и за неговиот колега, Луис Енрике. „Горд сум на мојот тим, и покрај тоа што разликата во квалитет меѓу двата тима е огромна и тоа беше очигледно. Кон крајот направивме добри работи и ...

Интер Мајами направи голем резултат со самиот пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство, но таму налета на најрасположениот тим во Европа и мина навистина лошо во првото полувреме. ПСЖ постигна четири погодоци во мрежата на американскиот тим и не им дозволи на Лео Меси и компанија да испратат ниту еден удар кон голот на Донарума, по што стана јасно дека „светците“ патуваат во четвртфиналето. Второто полувреме беше чиста рутина во ...

Баерн Минхен со победа од 4-2 над Фламенго, се пласираше во 1/4 финалето на Светското клупско првенство, и си закажа пресметка против ПСЖ меѓу најдобрите осум. За разлика од мечот во кој ПСЖ оствари победа од 4-0 над Интер Мајами, овој пат беше за нијанса подраматично со оглед дека Фламенго на двапати се доближи до еден гол разлика (2-1 и 3-2), но на крајот „Баварците“ немаа проблем да дојдат до победата, иако многу придонесоа и почетничките ...