Повеќепати најавуваната посета на Москва од страна на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е под лупа поради можни последици за европскиот пат на Србија. Вучиќ ја објави својата одлука да присуствува на парадата по повод Денот на победата над фашизмот на 9 мај на почетокот на март, по телефонски разговор со Путин. Во случај Вучиќ да отпатува во Москва, каде што треба да се сретне лично со Путин за прв пат од почетокот на руската инвазија ...
Литванија и Латвија официјално го забранија летот на авионот од Србија до Москва на 9 мај, во кој требаше да биде и српскиот претседател Александар Вучиќ. Литванија изјави дека причината за забраната е од техничка природа, но и поради „дипломатска чувствителност“. Поради, како што наведуваат, „политичка чувствителност за целта на летот“, латвиските власти го забранија прелетувањето на српскиот авион. Министерството за надворешни работи на ...
Литванските власти официјално забранија прелет на авион на српската влада, во кој се наоѓал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на пат кон Москва. Според литванските институции, одлуката за забрана на прелетот била донесена поради, како што наведуваат, „техничка и дипломатска чувствителност“. Слична забрана неодамна беше воведена и за словачкиот премиер Роберт Фицо, кому му беше оневозможено да лета над територијата на Полска и Литванија, ...