Денеска во Собранието продолжи јавната расправа по предлог-законот за игри на среќа, во второ читање. Министерството за финансии го образложи законското решение, кое предвидува воведување построги правила и ограничувања, меѓу кои задолжително растојание од 500 метри од образовни установи, засилени контроли и нови рестрикции во делот на рекламирањето. Предлогот предизвика реакции од здруженијата на приредувачи на игри на среќа, кои укажуваат ...
Предлог законот за игри на среќа и забавни игри е предложен набрзина, не беше закачен на ЕНЕР и затоа асоцијациите и вработените, кои се првата линија на спроведување на актуелниот закон, кој патем е еден од најстрогите во регионот и пошироко, не можеа да дадат свој осврт и експертиза за предложените одредби, рече адвокатот Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) на денешната јавна расправа во ...
Дозволете од името на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа АПИС да ја поздравам оваа јавна расправа за Предлог закон за игри на среќа и забавни игри, заведен под архивски број на Владата 57-4436/5, a доставен до законодавниот дом на 14.05.2026 година. За жал претходно, во процесот на подготвување на текстот, немавме можност да дадеме свој придонес за креирање регулатива за игри на среќа, која од една страна ќе даде одговори на ...

