Фудбалската федерација на Македонија, како што е познато, одлучи сите средства од билетите за утрешниот натпревар со Велс во квалификациите за СП 2026 да бидат донирани на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, во која згаснаа 59 млади животи. Според последните информации, утре од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје се очекува да има повеќе од 20.000 навивачи кои покажуваат дека сакаат да дадат поддршка на ...
Македонската фудбалска репрезентација против Велс ќе игра пред полни трибини. Нашите информации велат дека Арената „Тодор Проески“ е распродадена, апелот на ФФМ и фудбалерите допре до фановите. Сите парична средства од овој меч, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ изјави дека ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека. Уште само малку билети се останати за западната трибина, а веројатно и тие ќе ги ...