Рома ја искористи кризата на Јувентус за да се дистанцира од ривалот од Торино во битката за топ четири, но од вечерва, тимот на Џан Пјеро Гасперини може да размислува и на повисока позиција од онаа што ја држи. Тимот од италијанската престолнина продолжи со добрите изданија и најде решение за грогираниот Кремонезе, кој иако денеска одолеа во првото полувреме, сепак немаше сили во вториот дел. Најсилно оружје за Рома вечерва беа корнерите по ...

Фудбалерите на Рома забележаа лесна и убедлива победа од 3-0 над Кремонезе и на тој начин дојдоа до 50 бода, колку што има и Наполи на третата позиција. „Римската волчица“ со оваа победа само се зацврсти во топ-4 екипите во Серија А и сега има плус четири во однос на Јувентус, кој по низата лоши резултати остана на петтата позиција. Рома е далеку од борбата за титулата, па примарна цел за екипата оваа сезона ќе биде пласман во Лигата на ...