Вечерва, со првиот тренинг во салата на СРЦ „Кале“ и официјално почнаа подготовките на нашата машка сениорска репрезентација. Селекторот Марјан Илиевски и неговите соработници, Мирко Петрески, Борче Даскаловски и Миодраг Тодоровиќ, на првиот собир ги имаа на располагање следниве кошаркари: Марин Петков, Андреј Магдевски, Амар Хот, Валмир Какруки, Лука Стојановски, Андреј Митревски, Максим Митревски, Лука Савичевиќ, Андреј Андоновски и Марко ...

Македонската кошаркарска репрезентација денеска се сели во Гевгелија каде ќе ги одработи поголем дел од подготовките за претквалификациските средби за СП 2027 против Романија и Унгарија. Предводникот на нашиот национален тим, Марјан Илиевски во составот има голем дел на неискусни имиња за вакви мечеви, но истовремено сите тие се максимално мотивирани за да испишат една нова страница и заедно да го почнат процесот на подмладување, кој одамна ...