Македонската пливачка легенда Томи Стефановски втора година по ред плива за поголема инклузивност во спортот. Денешниот хуманитарен настан се поврзува со одлежување на 16 години од неговото препливување на каналот Ла Манш, па во оваа насока Стефановски плива денес 16 километри по Охридското Езеро од месноста Пештани до Црквата Канео во Охрид, па назад до Охридското пристаниште. Мојот јубилеј би сакал да го посветам кон хумани цели, поточно да ...

Нашата пливачка легенда Томи Стефановски и оваа година, по вторпат, ќе плива за поголема инклузија во спортот! Со секој испливан километар, Томи ја носи пораката за заедништво и сплотеност – инспирација за сите нас да го поддржиме спортот како место каде секој добива можности. Утре (14.08.2025) околу 12:30 часот дојдете на охридското пристаниште и бидете дел од неговото пречек по испливаните 16 км. Повеќе информации и начини за поддршка на ...