Во јавноста се појавија тврдења на социјалните мрежи дека балканската ѕвезда Дино Мерлин, кој викендов настапува на „Пастрамалијадата“ во Штип, наводно побарал да се изгаси крстот на Исарот за време на неговиот концерт. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, за „Скопје 1“ категорично ги отфрли овие шпекулации: „Апсолутно не е точно дека балканската ѕвезда побарала такво нешто. Пишувањата на социјалните мрежи се измислица. Зошто сакаат да ...

Попладнево во Штип официјално е отворена традиционалната манифестација „Пастрамалијада 2025“. Крстот на Исарот ќе свети, најголемата пастрамајлија е направена, а утревечер публиката ќе ја забавуваат Елена Ристеска, Владо Јаневски и Дино Мерлин. Паркинг и влез нема да се наплаќаат. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов вчера излезе со демант по веста која се прошири во јавноста дека познатата балканска ѕвезда Дино Мерлин кој викендов ќе биде ...