Коалицијата ВЛЕН објавува дека на изборите за Општина Гостивар на 11 јануари, наш кандидат за градоначалник ќе биде Невзат Бејта. Одлуката доаѓа по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар, каде што Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните мандати на чело на општината. ВЛЕН ...

Невзат Бејта денеска во Општинската изборна комисија официјално поднесе кандидатура за градоначалник на Гостивар. Во изборната трка на 11 јануари влегува како кандидат на Вреди. „Благодарен сум на поддршката од моите граѓани без разлика на политичката или националната припадност, тие го сакаат својот град и ја даваат оваа поддршка за да престане уништувањето што е правено во овие осум години. Благодарност и до лидерите на Влен што ми ја дадоа ...