Фудбалскиот клуб Башкими подготвува зимска реконструкција на тимот со единствена цел, опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Кумановци им се заблагодарија на деветмина фудбалери кои во есенската полусезона беа дел од тимот. Најмногу промени ќе има во нападот, бидејќи клубот се раздели со дури петмина офанзивци и тоа Марко Симоновски, Огузан Ајдоган, Фламур Џелили, Абдулхади Јахја и Недим Хаџиќ. Од средниот ред на Башкими заминаа Иса ...

Башкими одлучи да се раздели со дури девет фудбалери по крајот на есенскиот дел од сезоната. Од клубот очигледно не се баш најзадоволни од ефектот на тимот во првата полусезона, па решени се на промени во играчкиот кадар. „ФК Башкими 1947 им се заблагодарува на играчите Џелили, Бихорац, Симоновски, Ајдоган, Адекунле, Јахја, Аскар, Реџепи и Хаџиќ за придонесот и максималниот ангажман во клубот. Им посакуваме многу успеси во идните кариери“ – ...