Во 24-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина играа „фенерџијата“ Слога од Добој и сараевски Железничар. Гостите на крајот победија со 0-3, но она што го направиле домашните навивачи пред мечот го привлече вниманието на медиумите не само во регионов, туку и пошироко. Навивачите на Слога ја премачкале гостинската трибина со свинска маст, веројатно алудирајќи на верската исповест на гостите, се со цел да ги спречат да присуствуваат ...

Необична и непријатна сцена се случи на натпреварот меѓу Слога Добој и Железничар Сараево во најсилната лига на Босна и Херцеговина. Навивачката група на гостите, „Манијаци“, влезе на стадионот дури по 40 минути игра, иако навреме пристигна во Добој. Причината била што гостинската трибина била премачкана со свинска маст, поради што навивачите одбиле да влезат. Работниците на стадионот морале да ги исчистат седиштата, скалите и оградата и да ...