ЕКИПА во Вадуц, Горан Бошев Македонската репрезентација со огромна тежина, психолошки товар но и силен мотив за победа во чест на сите настрадани во ужасната трагедија во Кочани, денеска го одигра првиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2026 против Лихтенштајн во Вадуц. И победи за цела Македонија. Џани Алиоски еден од оние од македонскиот табор кој испрати порака од срце дека овој натпревар се играше за сите настрадани, но и за цела ...

Бојан Миовски е фудбалерот од кого ќе се очекуваат погодоци да ја израдува македонската фудбалска јавност во дуелот против Велс, кој се игра вечерва на арената “Тодор Проески” во Скопје. Освен натпреварувачки, мечот ќе има и хуманитарен карактер затоа што сите средства кои ќе бидат собрани од продадените билети, ќе бидат донирани за настраданите во трагедијата во Кочани. Миовски преку социјалните мрежи упати порака непосредно пред денешниот ...

На Градскиот стадион во Виница денес се одигра хуманитарен пријателски натпревар помеѓу ФК Слога 1934 Виница и ФК Гостивар, каде што фудбалот беше само симбол на солидарност и поддршка. Натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на младите животи кои трагично згаснаа во Кочани. Собраните средства во износ од 34.110 денари ќе бидат донирани на семејствата на настраданите во трагедијата. Дополнително, сопственикот на ФК Гостивар покажа ...

Со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, попладнево започна маршот организиран од граѓанското движење „Кој е следен?”. Учесниците се собраа на плоштадот „Македонија” и преку „Триумфалната капија” се упатуваат кон Собранието. Маршот ќе продолжи преку паркот „Жена борец”, спроти Собранието и Градската болница, каде ќе се оддаде почит на здравствените работници со петминутен аплауз. Потоа, учесниците ќе поминат ...