Непречено и без проблеми се одвива гласањето во казнено поправната установа Затвор Куманово. На вториот круг од локалните избори, овде право на глас имаат 79 осудени и притворени лица. За разлика од првиот круг, бројот на гласачи е намален, односно изнесуваше 116. Гласањето се одвива во неколку групи затвореници, коишто ги спроведува затворската полиција. Од избирачкото место информираат гласањето започнало навреме, се одвива без проблеми и ...
Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9 часот е 2,88 отсто, а гласале 22.379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко. – Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори – рече Кондарко на прес-конференција. На ниво на ...

