Во придружба на оркестар, Калиопи го демонстрираше својот впечатлив вокален опсег. „Сè уште сум опиена од енергијата на публиката. Каква ноќ, каков концерт! Со моите музичари го оставивме срцето на сцената Лисински, а секоја нота оваа вечер беше одраз на нашето искуство од оваа прекрасна сала. Два и пол часа поминаа како блесок“, изјави Калиопи по концертот. Како специјални гости на сцената ѝ се придружија блиските пријатели Влатко Стефановски ...

По 27 години, Калиопи и Влатко Стефановски настапија заедно, на нејзиниот концерт во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Калиопи вели дека додека Стефановски ја свирел, а таа ја пеела македонската народна песна „Калеш бре Анѓо“, во салата имало ерупција од емоции. „Неверојатно е она што се случи, кога на големо изненадување на публиката, Влатко се качи на сцената и ја изведовме ‘Калеш бре Анѓо’. Последен пат Влатко и јас заедно сме настапиле ...