Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио на која биле разгледани можностите за продлабочување на трговските односи, за намалување на тарифите и можност за започнување на процес за потпишување на договор за слободна трговија. Во краткото соопштение на портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, се наведува дека на ...

Државниот секретар на САД Марко Рубио на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во Вашингтон меѓу другото ја нагласил „потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да остварат пет проценти за одбранбени трошоци“, соопшти Стејт департментот. Министерот Муцунски во објава на Фејсбук за средбата меѓу другото вели дека со Рубио размениле мислења и за „безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што ...

Во соопштението на македонското МНР не се споменува дека буџетот за одбраната треба да порасне на пет отсто од БДП, но се наведува дека се разговарало за намалување на тарифите Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Марко Рубио денеска побара од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски буџетот на одбраната да порасне на пет отсто од БДП. Ова се вели во соопштението од Стејт департментот, ...