Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на 32-та годишна конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Мицкоски ги повика Македонците да бидат дел од пописот во Албанија. „Од овде, од срцето на Македонија јавно повикувам и апелирам Македонците од Албанија ...
Додека се случуваат сите овие проблеми, пропагандите на соседите никогаш не престанаа. Додека оваа власт не убедува во придобивките од добрососедскиот договор кои самите го склучија, Бугарија тера отворена пропаганда против Македонија и како тоа да не е доволно, овие денови тие вршат жесток притисок и терор при пописот во Албанија, македонското малцинство да се впишува како етнички Бугари. И сега познати ни се намерите на бугарската политика, ...