Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД добиле значително подобра понуда од Иран само десет минути откако тој објавил дека го откажува патувањето на своите претставници на разговорите со иранската страна. Трамп ова го изјави во разговор со новинарите во Флорида, непосредно пред да се качи на „Ер Форс Уан“ и да замине за Вашингтон. – Ни дадоа документ кој требаше да биде подобар, а интересното е што веднаш откако го откажав ...

Иран испрати нов предлог до Соединетите Американски Држави за деблокирање на Ормускиот теснец и ставање крај на војната, додека за разговорите за нуклеарната програма предлага да бидат одложени за подоцнежна фаза, објави американскиот медиум „Аксиос“, повикувајќи се на американски официјален претставник и двајца извори запознаени со преговорите. Според предлогот, Техеран се обидува да го заобиколи најспорното прашање за нуклеарната програма, ...

Цените на нафтата пораснаа во понеделник откако плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран повторно пропаднаа. Иранската револуционерна гарда, наводно, се качила на два товарни брода во близина на Ормускиот теснец, бидејќи тензиите на стратешката морска рута остануваат високи. Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот Брент порасна за повеќе од 1% на 106,56 долари за барел до 00:44 часот по источно време. ...