Еден од најдобрите македонски кошаркари, Андреј Јакимовски и неговиот Тренто имаат негатива од 1-0 во четвртфиналната серија од италијанскиот шампионат против Виртус Болоња откако вечерва загубија на гостински терен со убедливи 102-71. Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност 32-21. До крајот Болоња само рутински го приведе мечот за конечен триумф од 102-71. Јакимовски одигра еден ...

Израмни Тренто во дуелот со Болоња во четвртифиналето во италијанскиот кошаркарски плеј-оф. Еден од најзаслужните за овој „брејк“ на второто гостување кај Болоња беше Андреј Јакимовски. Македонскиот кошаркар постигна 13 поени во 29 минути игра на теренот, и беше трет стрелец во својот тим. Згора на тоа, Јакимовски запиша еден скок и две асистенции. Тој имаше 10 поени од поле, и една тројка, а промаши и едно слободно фрлање. Сега серијата е ...