Македонија е во серија без пораз која трае ли трае. Вечерва Македонија и тоа против Белгија го одигра својот десетти меч, тука не ги сметаме пријателските, и остана непоразена. Оваа серија трае од мечот со Англија кога беше 1:1 на 20.11.2023. Последен пат сме загубиле од Италија во Рим на 17.11.2023 година. Македонија точно две години дома не е поразена. Последен пат некој се радувал на Арената во јуни 2023 година и тоа беше Украина, кога ...
Денешните мечеви во кои Македонија го победи Казахстан со 1-0, а Белгија го совлада Велс со 4-3, ја оставија нашата репрезентација на првото место во групата Ј после четири од осумте кола во квалификациите за Светско првенство. Табелата изгледа прекрасно од наша перспектива. Во грб ни гледаат фаворитите Белгија и Велс, а она со што можеме да се пофалиме е дека ја имаме најдобрата одбрана во групата со само два примени голови на четири меча. ...