Завршија првите полувремиња од двете последни средби од 3.коло во ПМФЛ. Во Кавадарци, каде Пелистер го дочекува Шкупи, резултатот е 0:0. Пелистер иако важеше за голем фавоит не успеа да се наметне, да дојде до шанса, до гол. Битолчани можат да бидат среќни и што не губат ако се знае дека Хајвали кога во 33.минута имше зицер. Во Куманово, домашниот Башкими со 1:0 води против Тиквеш. Стрелец на голот беше Филип Алексовски откако убаво се снајде ...
Со натпреварите во Кавадарци и Куманово се комплетираше третото коло од Првата македонска фудбалска лига. Пелистер рутински славеше над Шкупи со 2-0 како домаќин во Кавадарци и дојде до втората победа по ред, откако минатото коло славеше и над Брера на гости. Втора победа по ред забележа и Башкими, кој на домашен терен со 3-1 беше подобар од Тиквеш. Два погодоци за екипата од Куманово постигна Филип Алексовски, додека во листата со стрелци се ...