Охрид, 19. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Младиот жител на Долно Лакочереј Давид Митрески го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во ова охридско село. Голем број на скокачи од кои и многу млади деца и годинава учествуваа на манифестацијата. Жителите на селото, според традицијата, го даруваа среќниот фаќач на крстот. Тие наполнаа од осветената вода од базенот, каде се изведе чинот на фрлање на Светиот крст. (Крај) извор: ...

Струга, 19 јануари 2025 (МИА) - Триесет и деветгодишниот Томче Голабоски од Струга беше најсреќен меѓу стотиците верници кои денеска скокаа по светиот крст во студените води на реката Црн Дрим. Чинот на осветување прв пат во Струга го изврши неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан. Покрај големиот број верници, на манфестацијата присуствуваше и претседателката Гордана Силјаноска Давкова, ...

Празникот Богојавление-Водици беше одбележан и во скопските општини Карпош и Илинден. Денеска на пладне, жителите од општините Карпош и Ѓорче Петров, на заедничка манифестација на ,,Железниот мост” во населбата Влае, го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Во духот на христијанската традиција, свештените лица од црквата „Свети Пантелејмон“ од Нерези и „Свети Петар и Павле“ од Ѓорче Петров, го положија крстот во реката ...