Реал Мадрид го договори трансферот на Дензел Дамфрис од Интер, а управата на италијанскиот шампион тргна во офанзива за холандскиот десен бек да го замени токму со играч од „кралскиот клуб“. Дани Карвахал е фудбалерот што е поврзуван со преселба на „Џузепе Меаца“, одличниот десен бек си замина како слободен играч од Реал, а Интер веќе испратил понуда за да го доведе во своите редови. Киву и клупските директори сметаат дека Карвахал се ште е ...
Италијанскиот шампион, Интер, официјално испрати богата понуда до Аталанта за трансфер на младиот десен бек Марко Палестра, кој беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А. „Нероаѕурите“ се подготвени да исплатат сума од 40 милиони евра, плус пет милиони кои би се „активирале“ низ дополнителни клаузули. Доколку трансферот се реализира, Палестра може да стане најскапиот дефанзивец во клупската историја. Претходниот рекорд го „држеше“ ...
Крајот на сезоната во Серија А носеше и еден очекуван ризик за Интер, а брзо стана јасно дека истиот ќе биде остварен во вид на загуба на важен фудбалер. Дензел Дамфрис немаше баш најдобра сезона поради серија повреди, но фактот што ја остави зад себе петтата сезона во Милано, му даде за право да бара нов предизвик во кариерата. Во договорот на Дамфрис постои клаузула според која може да биде ослободен за 20 милиони евра до крајот на месец ...

